Вести/настани

 

25 години на врвот – 25 години Семос

25 години на врвот – 25 години Семос

На 01 декември во клубот Midnight, Семос групацијата го прослави својот 25 роденден.
Од  1984 како мала компанија со само дванаесетина вработени Семос информатика ги направи своите пионерски чекори и стана прва македонска компанија која се занимава со информатичка технологија.  25 години потоа сликата е следна: Ја проширивме својата дејност во повеќе полиња и сега Семос групацијата ја сочинуваат 5 компании: Семос, Семос Едукација, Семос Мултимедиа, ClearView и Семос Алтс. Во овој период прераснавме во компанија која вработува над 100 вработени.
Денес сме горди на нашите пријатели, соработници и клиенти кои во текот на овие 25 години ни ја подарија својата доверба. Им благодариме на сите нив што заедно со нас го прославија овој за нас значаен јубилеј. Со сите оние кои не беа во можност да присуствуваат, се надеваме дека заедно ќе го славиме следниот 30-ти роденден.
Продолжуваме понатаму...