Вести/настани
Microsoft по шести пат му ја доделува титулата MVP на Александар Талев
На 01 Јули 2007 нашиот колега Александар Талев веќе шеста година по ред го добива најпрестижното признание за поединци, MVP (Most Valuable Professional - Најкорисен Професионалец) кое го доделува Microsoft.
Како би ја добиле оваа Microsoft титула, номинираните поминуваат низ ригорозен процес на ревизија. Само членови на техничката заедница, веќе постоечки MVP-а и персонал на Microsoft можат да номинираат кандидати. Група сочинета од членови на MVP тимот и тимови на работни групи го евалуираат секој кандидат посебно земајќи ја во предвид нивната техничка експертиза и доброволниот придонес кон заедницата во изминатата година. Оваа група ги зема во предвид квалитетот, квантитетот и нивото на влијание на придонесот на номинираниот MVP. Активните MVP се подложени на исто ниво на евалуација како и сите кандидати секоја година.
Microsoft Most Valuable Professional (MVP) програмата им оддава признание и благодарност на истакнатите членови на техничките заедници за нивната посветеност и желба да им помогнат на другите, како и за непроценливата online и offline експертизата кои тие ја пружаат. MVP личностите се технички експерти од ширум светот, кои ги инспирираат другите да учат и се развиваат преку активно учество во техничката заедница. Тоа што сите личности со титулата MVP го имаат заедничко е нивната страст према технологијата и желбата неа да ја поделат со други. Тоа го прават преку книги и статии кои тие ги објавуваат, web страниците со кои управуваат, корисничките групи во кои тие учествуваат, презентациите и тренинг сесиите кои ги одржуваат, како и прашањата кои ги одговараат во техничките news групи и message бордови. Microsoft-овите MVP личности се група на индивидуалци на кои Microsoft со им оддава признание и награда MVP, како нивен начин на благодарност за демонстрираната посветеност во техничките заедници ширум светот.
Александар Талев, за прв пат го доби ова признание од Microsoft во 2005 година како потврда за долгогодишната работа и посветеност на Microsoft технологиите. Тој во Семос работи од 1995 година во одделот за развој на софтвер. Во моментов е на позиција директор за развој.
Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Професионално е ориентиран на развој и водење на OLTP и OLAP проекти базирани на Microsoft технологиите, како Microsoft SQL Server, Analysis Services, Reporting Services и Visual Studio.NET. Како Microsoft тренер веќе пет години одржува MOC курсеви фоку-сирани на SQL Server. Еден од основачите на SQL Server User Group (PASS)–Македонија и во „слободното“ време се занимава со развој на SQL Server заедницата во Македонија. Редовен предавач на сите Microsoft конференции и настани.